• среда, 27 ноември 2024

Илјадници луѓе во Минск на погребот на демонстрантот Бондаренко

Илјадници луѓе во Минск на погребот на демонстрантот Бондаренко
Минск, 20 ноември 2020 (МИА) - Илјадници луѓе денеска во Минск присуствуваа на погребот на белорускиот демонстрант Роман Бондаренко (31). Бондаренко почина минатата недела во болница, откако бил сериозно претепан по неговото апсење. Неговата смрт беше осудена од страна на Европската унија, која воведе нови санкции кон Минск во четвртокот како одговор на „државна репресија против демонстрантите".
 
                    Луѓето пред црквата, од кои повеќето имаа маски, извикуваа „Одам надвор“, последните зборови напишани од Бондаренко и „Да живее Белорусија“.
                Полицијата го приведе лекарот кој на медиумите им го достави медицинскиот извештај за смртта на Бондаренко, во кој се наведува дека нема алкохол во неговата крв, што предизвикува сомневања во владините тврдења дека починатиот млад човек бил пијан и убиен во тепачка со цивили. Од Јавното обвинителство е покрената истрага против лекарот за откривање медицинска тајна. Исто така, приведен е и новинарот кој го објави медицинскиот извештај. паг/  

Остани поврзан