• среда, 25 декември 2024

Илјадници луѓе во Британија евакуирани поради детонација на бомба од Втората светска војна

Илјадници луѓе во Британија евакуирани поради детонација на бомба од Втората светска војна
Лондон, 27 февруари 2021 (МИА) - Неексплодирана бомба од Втората светска војна откриена во англискиот град Ексетер, на приватно земјиште во близина на локален студентски дом, ќе биде детонирана, соопшти полицијата. „Илјадници лица се евакуирани од домовите во градот каде властите сè уште ја испитуваат експлозивната направа“, пренесува „Гардијан“. Полицијата денеска направи кордон околу бомбата, долг 400 метри, а 2.600 домаќинства беа евакуирани во петокот вечерта и денеска. Покрај домаќинствата, беа испразнети и 12 универзитетски сали во зградата, а исто така се евакуирани и 1.400 студенти од кампусот. Универзитетот во Ексетер потврди дека студентите биле префрлени во хотели и добиле „предмети за лична употреба и храна“. Портпарол на полицијата во Девон и Корнвол изјави дека времето на детонацијата сè уште не е познато, но додаде дека е планирана контролна детонација и тоа може да се случи вечерва. паг/

Остани поврзан