• сабота, 28 декември 2024

Илјадници лица на улиците на Варшава: Нем „марш на илјада тоги“

Илјадници лица на улиците на Варшава: Нем „марш на илјада тоги“
Варшава, 11 јануари 2020 (МИА) - Повеќе од 1.000 полски судии, во своите службени тоги, а со нив и адвокати, неколку десетици судии од речиси сите земји на Европската унија, денеска прошетаа низ центарот на Варшава.  
Во немиот „марш на 1.000 тоги“ учествуваа и претставници на главните меѓународни судски организации, за да предупредат на заканата по независноста на судиите што им ја донесе реформата на правосудството во Полска под владата на конзервативната партија „Право и правда“.

Повод за денешниот протестен марш и поход на судиите од зградата на Врховниот суд до Сејмот - полскиот Парламент, што се изведе под паролата „ Право на независност. Право на Европа“, беше најновиот сет од закони за правосудната реформа што минатиот месец ги усвои Долниот дом на полскиот Парламент.

Овој пропис воведува жестоки дисциплински казни за магливо формулираното отежнато функционирање на правосудството и за јавното оспорување на досегашната реформа на полските судови. -Тоа е најсрамниот закон. Ја ликвидира независноста на судовите и судиите. Нема смисол да се убедуваат авторите на законот дека тоа не е така, бидејќи тие тоа го знаат. Затоа изразуваме протест во немиот марш на правниците. Се надеваме дека нашето молчење ќе го слушнат Полска и Европа, соопштија судиите од здружението Јустиција, кое е еден од главните организатори на протестот. Претставниците на меѓународните судски организации и судии од 20 змеји на ЕУ нагласија дека не се дојдени да протестираат против полската Влада, туку заради загрозената независност на полските судии и ризикот за правната држава. сд/  

Остани поврзан