Илјадници војници на НАТО на воени вежби на северот на Европа
- Околу 9.000 војници од 20 земји на НАТО учествуваат во воени вежби овој месец во регионот на Балтичкото Море, кој е стратешки чувствителен поради руската агресија врз Украина.
Варшава, 18 јуни 2024 (МИА) - Околу 9.000 војници од 20 земји на НАТО учествуваат во воени вежби овој месец во регионот на Балтичкото Море, кој е стратешки чувствителен поради руската агресија врз Украина.
Шведска и порано учествуваше во вежбите, а сега првпат како членка на НАТО.
Вежбите вклучуваат отстранување мини од морето, откривање подморници, десанти и медицинска помош во случај на голем број повредени.
Целта е унапредување на интероперабилноста на силите и вежбање на заедничко дејствување, рекоа официјалните лица.
Вежби на поморските, воздушните и копнените сили се одржуваат во Балтичкото Море, како и во Шведска и нејзиниот стратешки остров Готланд, во Литванија, Полска и Германија. Ќе бидат распоредени 50 бродови и 45 авиони и хеликоптери.
Вежбите се организирани од НАТО поморските сили за напад и поддршка и Шестата флота на американската воена морнарица. рп/
Фото: МИА архива