• четврток, 26 декември 2024

Иличиќ се пресели во словенечки Марибор

Иличиќ се пресели во словенечки Марибор
Марибор, 5 октомври 2022 (МИА) - Играчот од средниот ред Јосип Иличиќ се врати во првенството на Словенија. Поранешниот играч на Аталанта се пресели во Марибор како слободен играч.   Иличиќ за Марибор настапуваше во 2010 година. Договорот со 34-годишниот Словенец е на три години, тој ќе игра под бројот 72.  Во август Аталанта и Иличиќ го раскинаа договорот со меѓусебна согласност. Во текот на кариерата во клубот од Бергамо, фудбалерот често пати ги пропушташе натпреварите поради психички проблеми. зс/

Остани поврзан