• сабота, 06 декември 2025

Илир Демири ќе делува како независен пратеник, информира Собранието

Илир Демири ќе делува како независен пратеник, информира Собранието

Скопје, 30 ноември 2025 (МИА) - Промените што се случуваат во коалициите и политичките партии, особено во блокот на партиите на Албанците, по резултатите од локалните избори почнаа да се одразуваат и во парламентарното мнозинство. Синоќа од Собранието информираа дека пратеникот Илир Демири го известил претседателот на законодавниот дом дека ќе дејствува како независен пратеник. 

Демири во Собранието беше дел од пратеничката група на Европскиот фронт, предводена од ДУИ. По професија е лекар, инфектолог, а во претходниот владин состав ја извршуваше функцијата министер за здравство.

Пратеникот Демири беше дел од Алијансата на Албанците, која на 18 ноември донесе одлука да делува самостојно и повеќе да не биде дел од Европскиот фронт. ев/ац/

Фото: Принтскрин  

Остани поврзан