• сабота, 23 ноември 2024

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови
Скопје, 20 јули 2020 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа редовна седница на Извршниот комитет, прва по одржувањето на предвремените парламентарни избори. На седницата се дискутираше за актуелната општествено политичка состојба и последните избори кои се реализираа. - Извршниот комитет заклучи дека изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната власт на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ забележува и на бројните недостатоци на денот на изборите срочени во приговорите до Државната изборна комисија кои беа одбиени, а кои ќе се преточат во тужбено барање до Управниот суд, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во едни вакви околности ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, ја доби довербата од народот во најголем број општини, и воедно издејствува поголем број мандати споредено со партијата СДСМ без коалицијата со БЕСА. -Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде насока да се изготви темелна анализа за резултатите од изборите за која подоцна ќе се дискутира на органите и телата на партијата. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти претседателот Христијан Мицкоски да продолжи со разговори во обидот за составување на ново парламентарно мнозинство, стои во соопштението. ВМРО-ДПМНЕ смета дека загрижува економската криза во државата, која, како што велат, секој ден е се полоша и за која треба активни мерки за да се надмине. мд/дма/

Остани поврзан