Иконому за изјавата на Ердоган: Нашата политика е политика на принципи
- Нашата политика е политика на принципи, вели портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому во реакцијата за ставот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека за него Мицотакис „повеќе не по

Атина, 23 мај 2022 (МИА) – Нашата политика е политика на принципи, вели портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому во реакцијата за ставот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека за него Мицотакис „повеќе не постои“ и додава дека „нема да влезат во конфронтација на изјави со власта во Турција“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Премиерот Киријакос Мицотакис силно и ефикасно ги брани и нашите национални права и меѓународниот легитимитет. Грчката надворешна политика силно се заснова на историјата, меѓународното право и нашите сојузи, колку тоа и да им пречи на некои. Нема да влеземе во конфронтација со изјави со раководството на Турција. Нашата политика е политика на принципи, рече Иконому. ср/