• понеделник, 22 јули 2024

Икарди може да го пропушти мечот на Галатасарај во Лигата на шампионите со Баерн поради повреда

Икарди може да го пропушти мечот на Галатасарај во Лигата на шампионите со Баерн поради повреда

Истанбул, 23 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот на Галатасарај, Мауро Икарди, ќе го пропушти натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Според „Goal Turkiye“, Икарди нема да игра поради повреда добиена на вчерашната средба со Бешикташ во турското првенство.

Аргентинецот има 10 голови и асистенција на девет натпревари оваа сезона во турското првенство.

Натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите меѓу Галатасарај и Баерн ќе се одигра утре, 24 октомври со почеток во 18:45 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан