Изјави пред седницата на Економско-социјалниот совет (во живо)
- Изјави пред седницата на Економско социјалниот совет на која работодавачите, синдикатите и Владата треба да разговараат за зголемувањето на минималната плата која во моментот изнесува 22.567 денари.
Скопје, 3 февруари 2025 (МИА) - Изјави пред седницата на Економско социјалниот совет на која работодавачите, синдикатите и Владата треба да разговараат за зголемувањето на минималната плата која во моментот изнесува 22.567 денари.
Синдикатите бараат минималната плата да се зголеми на 450 евра, а дел од бизнис секторот се изјасни дека ќе го прифати ваквиот предлог, но да се намалат придонесите. Од Владата велат дека ќе остават да се договорат синдикатите и работодавачите.
Согласно законот, во март треба да има усогласување на минималната плата, која според пресметките, треба да се зголеми за 1.800 денари, што според синдикатите е малку во однос на трошоците на живот.