• недела, 28 јули 2024

Изјава на Петар Георгиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје

Изјава на Петар Георгиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје
Скопје, 17 октомври 2021 (МИА) – Ми беше чест што бев дел од оваа кампања и среќен сум што конечно граѓаните имаат шанса за поголем избор, истакна денеска независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски- Камиказа, откако во Пионерскиот дом во општина Карпош го искористи правото на глас. -Еве точно во дванаесет часот го искористив своето гласачко право, ги повикувам сите граѓани во што поголем број да излезат и да го направат истото и да гласаат за најдобриот, изјави Георгиевски, кој настапува со поддршка на Левица. Тој додаде дека очекува сигурна победа, односно сигурен влез во вториот круг. свс/лв/

Остани поврзан