• среда, 25 декември 2024

Изјава на ЕУ по повод 35-годишнината од протестите на Тјенанмен: Пекинг да преземе конкретни чекори на одговорност 

Изјава на ЕУ по повод 35-годишнината од протестите на Тјенанмен: Пекинг да преземе конкретни чекори на одговорност 

Брисел, 4 јуни 2024 (МИА) - Денеска кога се одбележува 35-годишнината од насилното задушување на мирните продемократски протести на пекиншкиот плоштад Тјенанмен во 1989 година, сеќавањето на овие настаните и оддавањето почит на оние кои беа убиени, притворени или исчезнаа е од клучно значење за идните генерации и колективната меморија, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи. 

- Европската Унија се солидаризира со семејствата на жртвите и ги повикува кинеските власти да ги признаат овие настани и да преземат конкретни чекори на одговорност. Треба да се почитуваат законските гаранции и правата на соодветен процес на притворените во врска со настаните од 1989 година или со активности за нивно сеќавање, се наведува во изјавата на ЕЕАС по повод 35-годишнината од протестите на плоштадот Тјенанмен во Пекинг. 

Според ЕУ, загрижувачки се неодамнешните мерки за неодбележување на овој настан и за цензурирање на дискусиите во Хонг Конг и на други места за она што се случуваше на плоштадот Тјенанмен, со што се истакнуваат предизвиците со кои се соочуваат оние кои се залагаат за почитување на човековите права и основните слободи во Кина. 

- Европската Унија останува посветена на ангажманот со Кина за заштита на човековите права и основните слободи преку дијалог и соработка, се додава во соопштението. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан