Изјава на Биљал Касами, кандидат за градоначалник на Тетово од Вреди
- Кандидатот за градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами од коалицијата „Вреди“ денес гласаше во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.
Тетово, 19 октомви 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами од коалицијата „Вреди“ денес гласаше во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.
-После 20 дена интензивна кампања денеска на овој празник на демократијата сме тука за да го дадеме нашиот глас за најдобриот кандидат. Денеска сите граѓани на општина Тетово и на Република Македонија имаат можност да ги изберат своите претставници на локалната власт за следните 4 години, да одлучуваат за да ги решаваат нивните проблеми и да им излезат во пресрет на нивните барања. Ова е многу важен ден за сите граѓани на Општина Тетово за тоа што гласот на граѓаните, ќе одлучи правецот на кој ќе оди општина Тетово во следните 4 години. Се надевам дека граѓаните свесно и совесно ќе се определат за најдобрата опција, за најдобриот кандидат за Тетово следните 4 години биде во сигурни раце, рече Касами.ас/лв/
фото: МИА