• вторник, 24 декември 2024

Изречени 66 казни за брзо возење на автопатот Скопје - Велес и скопската обиколница

Изречени 66 казни за брзо возење на автопатот Скопје - Велес и скопската обиколница
Скопје, 20 јуни 2021 (МИА) - Од 14 до 20 часот денеска, на автопатот Скопје - Велес и скопската обиколница, полицијата санкционира 66 возачи за брзо возење. Според МВР, 62 од нив возеле со брзина 50 километри на час над пропишаната, а 17 возачи возеле со брзина 70 километри на час над дозволената. -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР. мч/сст/

Остани поврзан