• понеделник, 23 декември 2024

Изречени 45 санкции за брзо возење на територија на СВР Велес

Изречени 45 санкции за брзо возење на територија на СВР Велес
Скопје, 9 мај 2022 (МИА) - Полициски службеници денеска спроведоа акциска контрола на подрачјето на СВР Велес за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишана, при што изречени се 45 санкции. Од нив, како што соопшти МВР, седум возачи ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, а 38 надвор од населено место. Притоа, три возила се санкционирани за движење со брзина поголема од 50 километри на час над дозволеното. мс/бак/

Остани поврзан