• четврток, 26 декември 2024

Изречени 400 санкции за сообраќајни прекршоци

Изречени 400 санкции за сообраќајни прекршоци

Скопје, 11 август 2023 ( МИА) -  Полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, вчера во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведоа акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 400 санкции за сообраќајни прекршоци.

При извршената контрола, како што соопштуваат од МВР, санкционирани се седум возачи за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци, а шест возила биле со неисправен уред за сопирање, 17 санкции поради бесправно управување на возилото и шест за возење без возачка дозвола. Притоа, на вонреден технички преглед биле упатени 62 возила, а кај 11 биле констатирани технички неисправности.

Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. љм/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан