• понеделник, 23 декември 2024

Изречени 106 санкции за непрописно вградени фолии

Изречени 106 санкции за непрописно вградени фолии

Скопје, 2 февруари 2024 (МИА) - Во периодот од 1 до 31 јануари 2024 година Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

Како што соопшти МВР, при контролата санкционирани се 106 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан