• сабота, 06 декември 2025

Израел пресретна ракета истрелана од Јемен

Израел пресретна ракета истрелана од Јемен

Тел Авив, 28 јуни 2025 (МИА) – Израелската армија денеска соопшти дека ракета истрелана од Јемен кон израелска територија „најверојатно е успешно пресретната“.

Израел претходно се закани со поморска и воздушна блокада против проиранските Хути, кои тврдат дека го напаѓаат Израел во солидарност со Газа.

Од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, Хутите, кои ја контролираат поголемиот дел од територијата на Јемен, испукаа ракети кон Израел и нападнаа бродови во Црвеното Море, прекинувајќи ја глобалната трговија.

Повеќето ракети и беспилотни летала беа пресретнати од Израел или паднаа пред да стигнат до својата цел. 

Израел одговори на нападите на Хутите со серија воздушни напади.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан