• понеделник, 23 декември 2024

Израел објави експропријација на 800 хектари земјиште на окупираниот Западен Брег

Израел објави експропријација на 800 хектари земјиште на окупираниот Западен Брег

Тел Авив, 22 март 2024 (МИА) - Израел денеска објави експропријација на 800 хектари земјиште во окупираниот Западен Брег. Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич ја прогласи областа северно од долината Јордан за „државно земјиште“.

Израелската левичарска организација  „Мир сега“ (Шалом Акшав) оцени дека експропријацијата на земјиште во таа област е најголема од потпишувањето на привремениот договор од Осло во 1993 година.

Израел го освои Западниот Брег со Источен Ерусалим и Појасот Газа во Шестдневната војна во 1967 година.

Согласно меѓународното право, еврејските населби на палестинските територии се нелегални.

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики изјави дека последниот потег на Израел е продолжување на „истребувањето и раселувањето“ на Палестинците од нивната татковина.

Тој оцени дека меѓународната заедница не успеала да ги заштити Палестинците и дека е соучесник и покритие за израелското избегнување на казната. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан