• четврток, 12 март 2026

Израел напаѓа цели на Хезболах во јужните предградија на Бејрут, борбите раселија речиси 760.000 Либанци

Израел напаѓа цели на Хезболах во јужните предградија на Бејрут, борбите раселија речиси 760.000 Либанци

Тел Авив, 11 март 2026 (МИА) - Израелската армија рано утрово објави дека нападнала позиции на либанското шиитско движење Хезболах, објави ДПА.

Нападите беа извршени врз инфраструктурата на групата поддржана од Иран во јужните предградија на Бејрут, позната како Дахија, соопшти војската. Областа се смета за упориште на Хезболах.

Пред околу една недела, шиитското движење продолжи со гранатирањето на Израел како одговор на израелското убиство на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи пред околу една недела, што предизвика масовни одмазднички напади од страна на Израел во Либан.

Според официјалните бројки од Бејрут, ескалацијата на насилството досега протера речиси 760.000 луѓе од своите домови. мс/ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан