• понеделник, 23 декември 2024

Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците

Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците

Ерусалим, 7 мај 2024 (МИА) - Израел синоќа соопшти дека ќе испрати делегација на посредничките преговорите со Хамас, откако милитантната палестинска организација го прифати катарско-египетскиот предлог за прекин на огнот, додека продолжува со операциите во Рафа со цел да „изврши воен притисок“ врз Палестинците.

„Израел ќе испрати делегација (...) на посредувањето за да ги исцрпи можностите за постигнување договор за примирје, дури и доколку предлозите на Хамас се далеку од суштинските барања“ на Израел, се наведува во соопштението од канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Воениот кабинет одлучи да ја продолжи операцијата во Рафа со цел да изврши воен притисок врз Хамас“, се додава во соопштението.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан