• недела, 21 јули 2024

Израелците тврдат дека пресретнале проектил истрелан од Либан

Израелците тврдат дека пресретнале проектил истрелан од Либан

Ерусалим, 28 октомври 2023 (МИА) - Израелската војска соопшти дека пресретнала ракета земја-воздух истрелана од Либан кон еден од нејзините беспилотни летала.

Војската додаде дека тие одговориле со напад на локацијата на лансирање.

Оваа информација доаѓа откако претходно ИДФ објави дека во текот на ноќта ја нападнала инфраструктурата на Хезболах.

Хезболах, моќна милитантна група со седиште во Либан, постојано разменува оган со Израел од нападите на Хамас на 7 октомври.

Водачот на Хезболах, Саид Хасан Насралах се состана со високи членови на милитантните групи Хамас и Исламски џихад за да разговараат за тоа какви чекори треба да преземе нивната алијанса за „да се постигне вистинска победа во Газа“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан