Израелски министер го повика Хамас да го предаде оружјето
- Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич денеска ги повика борците на Хамас да го предадат оружјето и да ја напуштат Газа.

Ерусалим, 17 февруари 2025 (МИА) - Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич денеска ги повика борците на Хамас да го предадат оружјето и да ја напуштат Газа.
„Денеска на состанокот на владата ќе побарам прифаќање на планот на американскиот претседател Доналд Трамп. Сите заложници веднаш да бидат ослободени и Хамас да ја напушти Газа и да го предаде оружјето“, рече Смотрич.
Тој додаде дека Израел ќе ги отвори „портите на пеколот“ за Хамас доколку го одбие предлогот. паг/
Фото: МИА архива