• вторник, 17 декември 2024

Израелски министер го повика Нетанјаху да го прекрши договорот за прекин на огнот

Израелски министер го повика Нетанјаху да го прекрши договорот за прекин на огнот

Тел Авив, 28 ноември 2023 (МИА) – Израелскиот министер за јавна безбедност Итамар Бен Гвир денеска го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да не го почитува примирјето бидејќи палестинскиот Хамас истрела три „експлозивни направи“ врз израелските војници стационирани во северниот дел на појасот Газа.

Бен Гвир го повика Нетанјаху да и нареди на армијата „насилно да го скрши Хамас“, јави Бета повикувајќи се на „Тајмс оф Израел“.

- Не можеме да чекаме да ги убијат нашите борци, напиша Бен Гвир во изјавата.

Соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ) за нападот врз израелските војници е прва информација за прекршување на четиридневниот договор за прекин на огнот, кој во понеделникот беше продолжен за два дена.

Сепак, според аналитичарите, малку е веројатно дека Израел ќе го прекрши договорот, пишува „Тајмс оф Израел“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан