• понеделник, 22 јули 2024

Израелските сили откриле уште тунели на Хамас во Појасот Газа

Израелските сили откриле уште тунели на Хамас во Појасот Газа

Тел Авив, 12 мај 2024 (МИА) - Израел објави дека открил нови тунели во Појасот Газа, јави ДПА.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека е откриена „подземна рута“ во градот Зејтун во центарот на изолираниот крајбрежен појас. Оттаму Хамас ги планирал нападите против израелските војници.

Голема воена операција е во тек во областа Зејтун. Според Хагари, убиени се околу 30 терористи. Десетици пиштоли се запленети од едно училиште. Откриен е и тунел во источниот дел на Рафа во јужниот дел на појасот.

Во вечерните часови израелски борбени авиони нападнаа цели и во северниот дел на Појасот Газа, изјави портпаролот на армијата. Утрото на ова претходеше евакуација на цивилното население.

-Во последните недели се забележани обиди на палестинското исламистичко движење Хамас да ги обнови своите воени објекти. Секаде каде што имаме информации за такви обиди на Хамас, ќе дејствуваме, рече Хагари. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан