Израелските сили ги интензивираа нападите во Појасот Газа
- Израелските сили денеска ги засилија нападите врз Газа и жестоки борби се водат во Џабалија на север, додека тенковите напредуваат подлабоко во Рафа на југ.

Газа, 24 мај 2024 (МИА) - Израелските сили денеска ги засилија нападите врз Газа и жестоки борби се водат во Џабалија на север, додека тенковите напредуваат подлабоко во Рафа на југ.
Лекарите рекоа дека најмалку петмина Палестинци загинале кога биле погодени куќи во Џабалија, а се верува дека другите се под урнатини. До таа област не може да се дојде поради бомбардирањето, пренесуваат агенциите.
Израелските напади врз северниот и јужниот дел на Појасот Газа овој месец раселија стотици илјади Палестинци и ги прекинаа главните патишта за пристап до помош, што доведе до страв од глад.
Жители на Џабалија изјавија дека тенковите го уништиле локалниот пазар, а булдожерите уриваат продавници и куќи.
Военото крило на Хамас соопшти дека неговите борци нападнале три тенкови таму. паг/
Фото: МИА архива