• петок, 05 декември 2025

Израелските одбранбени сили проценуваат дека 20.000 Палестинци ја напуштиле Газа преку ноќ

Израелските одбранбени сили проценуваат дека 20.000 Палестинци ја напуштиле Газа преку ноќ

Газа, 15 септември 2025 (МИА) - Според проценките на Израелските одбранбени сили (ИДФ), досега повеќе од 320.000 Палестинци се евакуирани од градот Газа во други делови од Појасот, а околу 20.000 луѓе го напуштиле градот преку ноќ.

Минатата недела, Палестинците во Газа беа повикани да се евакуираат пред планираната офанзива на ИДФ против палестинското милитантно движење Хамас во областа, објави денеска „Тајмс оф Израел“.

Се проценува дека околу еден милион Палестинци живееле во градот Газа пред израелската војска да почне да се подготвува за голема офанзива против Хамас.

На цивилите им е наредено да се упатат кон хуманитарната зона одредена од Израел во јужна Газа, но многу жители на Газа велат дека никаде во Газа не е безбедно. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан