• среда, 05 февруари 2025

Израелските министри за предлогот на Трамп за Газа: Историско утро за државата Израел

Израелските министри за предлогот на Трамп за Газа: Историско утро за државата Израел

Тел Авив, 5 февруари 2025 (МИА) - По средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, министрите на израелската влада денеска изразија задоволство од пораките на Трамп во врска со Појасот Газа.

„Ова се случува кога двајца храбри лидери ќе се сретнат“, рече министерот за транспорт Мири Регев.

Како што пренесува Тајмс оф Израел, министерот за енергетика Ели Коен посочи дека ова е „историско утро за државата Израел, Блискиот Исток и светот“.

„Заедно повторно ќе го направиме светот голем“, е пораката на министерот за финансии Безалел Смотрич.

Претседателот на Кнесетот Амир Охана, пак, објави дека средбата била „зора на нов ден“. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан