• сабота, 23 ноември 2024

Израелскиот парламент донесе закон со кој се олеснува затворање на странски медиуми

Израелскиот парламент донесе закон со кој се олеснува затворање на странски медиуми

Тел Авив, 1 април 2024 (МИА) – Израелскиот парламент денеска го одобри законот кој дозволува да се затворат радиодифузерите од странство доколку се смета дека претставуваат ризик за државната безбедност, соопшти Кнесетот.

Законот беше усвоен во понеделникот со 70 гласа „за“ и 10 „против на второто и третото читање.

Според законот, министерот за комуникации Шломо Кархи може да нареди затворање на телевизиски радиодифузер, конфискација на опремата за емитување, отстранување на радиодифузерот од програмите на провајдерите на кабловска и сателитска телевизија и блокирање на неговата веб-страница, објави информативниот портал ynet, пренесува ДПА.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху претходно го повика Кнесетот да го усвои нацрт-законот и вети дека „ќе дејствува веднаш за да се затвори Ал Џезира“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан