• понеделник, 18 ноември 2024

Израелска полиција: Од вкупно 1.033 тела на израелски цивили, идентификувани се 765

Израелска полиција: Од вкупно 1.033 тела на израелски цивили, идентификувани се 765

Тел Авив, 21 октомври 2023 (МИА) - Од 1.033 тела на израелски цивили убиени во нападот на Хамас на 7 октомври, идентификувани се 765 или 74 отсто од нив, соопшти израелската полиција.

Полицијата соопшти дека 668 тела веќе се предадени на семејствата заради погреб.

„Илјадници полицајци работеа во смени, 24 часа на ден, седум дена во неделата и се уште учествуваат во тешката работа за идентификација“, соопшти полицијата.

Тие укажуваат дека некои тела биле многу изгорени или уништени, што ја отежнува идентификацијата.

Израелските одбранбени сили (ИДФ), исто така, идентификуваа околу 300 војници кои беа убиени во судирите со Хамас на границата со Газа.

Според официјалните податоци, повеќе од 1.300 израелски цивили и војници загинале во нападот на Хамас.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху во средата изјави дека бројот на загинати во нападот на Хамас е најмалку 1.400, а можеби и поголем. ссм/

Остани поврзан