• вторник, 24 декември 2024

Израелската полиција привремено задржа имам поради молитви за убиениот лидер на „Хамас“

Израелската полиција привремено задржа имам поради молитви за убиениот лидер на „Хамас“

Тел Авив, 3 август 2024 (МИА) - Израелската полиција привремено го задржа имамот на џамијата „Ал Акса“ во Стариот град на Ерусалим поради молитви за убиениот лидер на радикалната палестинска групација „Хамас“ Исмаил Ханија, кој вчера беше погребан близу главниот град на Катар, Доха, пренесе ДПА.

Полицијата го задржа 85-годишниот Екрима Сабри неколку часа по неговите молитви вчера, соопштија неговите адвокати. Медиумите во Израел информираа дека властите истражуваат дали Сабри со молитвите поттикнувал насилство.

Сабри изјави дека жителите на Ерусалим ќе се молат на Алах да му даде милост на маченикот. „Молиме за него милост и рај“, изјавил имамот според информациите.

Движењето „Хамас“, кое се бори против Израел во Појасот Газа, во средата објави дека Ханија е убиен. На неговиот погреб присуствуваа членови на палестинските вооружени групи „Хамас“ и „Исламски џихад“, како и официјални претставници на Катар и Иран. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан