• вторник, 04 март 2025

Израелската војска тврди дека погодила сомнителен брод во близина на брегот на Кан Јунис во Газа

Израелската војска тврди дека погодила сомнителен брод во близина на брегот на Кан Јунис во Газа

Ерусалим, 3 март 2025 (МИА) - Израелската војска соопшти дека денеска погодила „сомнителен брод“ во близина на брегот северно од Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, тврдејќи дека тој претставувал закана.

„Претходно денеска армијата погоди сомнителен моторизиран брод кај северниот брег на Кан Јунис, кој ги кршеше безбедносните ограничувања и претставуваше закана“, се вели во соопштението.

Армијата, исто така, објави дека пукала во правец на две сомнителни лица кои им се приближувале на војниците, во јужниот дел на Појасот Газа. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан