• сабота, 23 ноември 2024

Израелската армија се повлекува од болницата Ал-Шифа

Израелската армија се повлекува од болницата Ал-Шифа

Газа, 1 април 2024 (МИА) - Израелската армија се повлече од болницата Ал-Шифа во градот Газа во текот на ноќта, две недели по почетокот на нејзината воена операција таму, според палестинските извештаи од утрово, јави ДПА.

Локалните медиуми објавија дека операцијата предизвикала сериозно уништување на зградите на најголемиот медицински комплекс во Појасот Газа. Портпаролот на израелската армија рече дека извештаите се истражуваат.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја опиша операцијата во болницата Ал-Шифа во неделата навечер како голем успех. Тој зборуваше за „прецизна и хируршка“ воена операција. Повеќе од 200 терористи беа убиени, а стотици се предадоа, рече Нетанјаху.

Според Израел, палестинската исламистичка организација Хамас уште еднаш поставила борбени и командни позиции во широката област, откако израелската војска веќе упаднала во болницата во ноември. Израел го обвинува Хамас за систематска злоупотреба на медицинските установи за воени цели, а Хамас го негира ова.

Военото крило на Хамас ја презеде одговорноста за неколку напади врз израелските војници во областа на болницата Ал-Шифа во последните денови. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан