• вторник, 24 декември 2024

Израелската армија најави четиричасовна хуманитарна пауза во борбите во Појасот Газа

Израелската армија најави четиричасовна хуманитарна пауза во борбите во Појасот Газа

Ерусалим, 14 декември 2023 (МИА) - Израелската армија објави четиричасовна „тактичка“ пауза во борбите во населбата Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Четиричасовната пауза е за „хуманитарни цели, за да му се овозможи на цивилното население да ги надополни резервите со храна и вода“, соопшти денеска на платформата Икс (поранешен Твитер) израелскиот тело одговорно за контакти со Палестинците.

Прекинот на борбените дејства е ограничен на населбата Ал Салам во Рафа. Градот има граничен премин со Египет, кој се користи за транспорт на хуманитарни материјали за цивилното население во блокираниот крајбрежен појас. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан