Израелската армија издаде нови предупредувања за евакуација на Кан Јунис во Појасот Газа
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа нови предупредувања за евакуација на Палестинците од областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа и дополнително ги прилагодија границите на хуманитарната зона одредена од Израел, исклучувајќи ја населбата Ал Џала поради истрелувањето ракети од таа населба кон Израел.
Газа, 11 август 2024 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа нови предупредувања за евакуација на Палестинците од областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа и дополнително ги прилагодија границите на хуманитарната зона одредена од Израел, исклучувајќи ја населбата Ал Џала поради истрелувањето ракети од таа населба кон Израел.
ИДФ соопшти дека има намера да дејствува против Хамас во населбата Ал Џала поради големиот број напади од тој кварт врз Израел и дека стана опасно за палестинските цивили да останат во таа област, пишува Тајмс оф Израел.
Израелската војска соопшти дека ја прилагодува хуманитарната зона врз основа на „прецизни разузнавачки информации што укажуваат дека Хамас инсталирал терористичка инфраструктура во таа област“. паг/
Фото: МИА архива