• петок, 05 декември 2025

Израелската амбасада го обвини Мадрид за започнување „антиизраелска крстоносна војна“

Израелската амбасада го обвини Мадрид за започнување „антиизраелска крстоносна војна“

Мадрид, 27 јуни 2025 (МИА) - Израелската амбасада во Шпанија денеска ја обвини шпанската Влада за започнување „антиизраелска крстоносна војна“ по изјавите на премиерот Педро Санчез, кој повика на суспендирање на договорот меѓу ЕУ и Тел Авив поради „катастрофалната геноцидна ситуација“ во Појасот Газа.

Според израелската амбасада, со овој повик Санчез „го демонизирал Израел“.

„Во екот на оваа ’гресија’, шпанската Влада одлучи ниту еднаш да не ги осуди намерните и континуирани напади врз израелските цивили, започнувајќи антиизраелска крстоносна војна. Наместо тоа, повика на суспендирање на европските договори со Израел и на воведување ембарго за оружје за земјата што беше нападната!“, објави амбасадата.

Претходно вчера Санчез изјави дека во Газа се врши геноцид врз палестинското население и повика на суспендирање на договорот на Европската Унија со Израел.

Во разговор со новинарите пред самитот на ЕУ во Брисел, Санчез го истакна неодамнешниот извештај на дипломатската служба на ЕУ за состојбата со човековите права во палестинската енклава, наведувајќи дека е „повеќе од очигледно“ дека Израел ги крши своите обврски и дека ЕУ треба веднаш да го суспендира договорот за соработка.

„Нема смисла што воведовме 18 рунди санкции против Русија поради инвазијата врз Украина, но покажувајќи двојни стандарди, не сме способни да го суспендираме договорот за соработка“, рече Санчез.сд/

фото:Скриншот Гугл мапс

Остани поврзан