• вторник, 24 декември 2024

Измени на Законот за управување со кризи за примена на европскиот број за итни повици

Измени на Законот за управување со кризи за примена на европскиот број за итни повици
Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) - Текстовите на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи и на Предлог законот за медијација се утврдени на денешната, 75-та седница на Владата. Како што информираат од Владата, на оваа седница бил утврден текстот на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи кој предвидува усогласување со реализацијата на Проектот и започнатата имплементација на Европскиот број за итни повици во Република Северна Македонија, E-112. Имплементацијата на овој проект, како што велат, има за цел ефикасен и целосен одговор при повик-јавување во случај на ризици, опасности или други несреќи на целата територија на Републиката за итно давање и пружање на помош на повикувачот или реакција во врска со пријавена опасност, од страна на Центарот за управување со кризи. Утврдениот текст на Предлог-Законот за медијација има за цел приближување на земјата кон Европската унија, која во ситуација на разрешување на конфликтни и спорни ситуации, акцентот го става на алтернативното решавање на споровите и медијацијата како еден од нив. Со унапредувањето на законското решение, како што велат од Владата, ќе се овозможат услови за успешна примена на законот во пракса, ќе се овозможи воедначена примена на законските одредби од страна сите медијатори, и ќе се промовира медијацијата и резултатите од нејзината примена. ар/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан