• сабота, 23 ноември 2024

Измените на законот за здравство предвидуваат и намалување на функционерските надоместоци

Измените на законот за здравство предвидуваат и намалување на функционерските надоместоци

Гевгелија, 4 јули 2024 (МИА) - Новите измени на законот за здравство предвидуваат намалување на функционерите, но и на функционерските надоместоци во здравството. Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави обединување на клиниките во рамки на Клиничкиот центар во едно правно лице, регионализација и локален пристап во здравствениот систем. 
 
-Новите измени што ги предложи Владата предвидуваат намалување на функционерите во здравството. Стоп за дуализмот и лоцирање на одговорноста бидејќи досега некако се префрлаше одговорноста од еден на друг, немаше јасна хиерархија, немаше јасна субординација, организацискиот директор едно, медицинскиот директор друго па често пати се создаваше конфликт – дуализам кој сега беше проблем во здравството, тоа едно. И второ, намалување на функционерски надоместоци. Тука нема да застанеме, продолжува реформата, таа е интензивна. Ќе имаме обединување на Клиничкиот центар, односно клиниките во рамките на Клиничкиот центар во една институција односно правно лице и понатаму продолжуваме со регионализацијата и локалниот пристап на здравствениот систем, нешто кое што ние го предложивме во Програмата и нешто кое што го гласаа повеќе од 600 илјади граѓани. Така што, продолжуваме со реформите и да немате дилема дека интересот наш е практично да го заштитиме интересот на граѓаните, рече Мицкоски, кој беше во посета на Гевгелија. ев/ац/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан