• сабота, 23 ноември 2024

Измените на законите за здравствена и за заштита од јонизирачко зрачење и радијациска сигурност го поминаа комисискиот филтер

Измените на законите за здравствена и за заштита од јонизирачко зрачење и радијациска сигурност го поминаа комисискиот филтер

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - Членовите на собраниската Комисија за здравство денеска дадоа поддршка за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, и двата по скратена постапка.

Како што стои во образложението објавено на собраниската веб-страна, со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита предложен од група пратеници се предлагаат неколку измени од областа на стоматолошката здравствената заштита и фармацевтската дејност која се врши во аптеките како посебни видови на здравствени установи, а произлегуваат како резултат на констатираните проблеми при практичната примена на Законот.

-Со членот 1 се дава можност постоечките поликлиники од областа на стоматологијата да формираат нови ординации во својот состав на примарно или секундарно ниво, додека ординациите на примарно ниво да можат да формираат нова специјалистичка ординација на секундарно ниво во свој состав и обратно, а не како посебен правен субјект, така што да можат да продолжат да работат во вид на поликлиника и да се развиваат како единствен правен субјект. Со членот 2 се дава можност во аптеките како посебни видови на здравствени установи, покрај тоа што е содржано во членот 89 од Законот за здравствената заштита да се вршат и други услуги кои значат: давање на информации и совети, како и вршење на превентивни и други услуги поврзани со терапијата со лекови кои ги издаваат фармацевтите како здравствени работници со завршено високо образование од областа на фармацијата во тим со фармацевтски техничар. Со членот 3 се дополнува членот 256 од Законот за здравствената заштита, каде што се утврдени задачите на собранието на коморите, со тоа што една од задачите на коморите е донесувањето на акт за утврдување на минималните цени на приватните здравствени услуги, односно услугите кои пациентите ги плаќаат со лични средства, се предвидува со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита.

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност предложен од група пратеници содржи 10 членови, со кои се очекува да се обезбеди посоодветно уредување на областа на управување со радиоактивен отпад и искористени радиоактивни извори.

- Со членот 1 се додава нова дефиниција во законот со која се дефинира поимот Оператор на национален склад. Со членовите 2 и 3 се менува насловот на постојниот член 6 во законот и се врши усогласување на насловот Институт за јавно здравје со текстот на одредбата. Со членот 4 се уредува дека пропишувањето на трошоците за складирање на радиоактивен отпад и искористени радиоактивни извори се иззема од надлежност на Дирекцијата за радијациона сигурност. Со членот 5 во главата IV услови за заштита и сигурност со новите членови се пропишува дека Институтот е оператор на национален склад за радиоактивен отпад и искористени
радиоактивни извори, пропишува одредби при управување со национален склад за радиоактивен отпад и искористени радиоактивни извори и одредби за евиденција на извршената работа и доставување на извештаи до Дирекцијата, се вели во предложеното законско решение.

Со членот 6 од Законот се предвидува Институтот за јавно здравје како оператор на националниот склад за радиоактивен отпад.

-Со членот 7 се предвидува вршење на надзор од страна на Дирекцијата. Членовите 8, 9 и 10 се завршни одредби, стои во предложеното законско решенение.фф/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан