Изменет режим на сообраќај во Кавадарци поради манифестацијата „Тиквешки гроздобер"
- Изменет режим на сообраќај ќе има викендов во Кавадарци, поради манифестацијата „Тиквешки гроздобер", информираа попладнево од СВР Велес.

Кавадарци, 9 септември 2022 (МИА)-Изменет режим на сообраќај ќе има викендов во Кавадарци, поради манифестацијата „Тиквешки гроздобер", информираа попладнево од СВР Велес.
-Известуваме дека претстојниот викенд на подрачјето на Кавадарци, по две години пауза ќе се одржи традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер 2022“. Манифестацијата ќе се отвори денеска, а ќе се одвива три дена заклучно со недела на градскиот плоштад и на малиот „Плоштад на Револуцијата“. МВР на РСМ и општината Кавадарци ги преземаат сите мерки за манифестацијата да помине без проблеми и без нарушувања на јавниот ред и мир, соопштија од СВР Велес.
Поради големиот број културни настани, особено во централното градско подрачје, полицијата информираше дека ќе има измени во режимот на сообраќајот, а движењето на возила ќе се пренасочува по заобиколните улици.свд/ир