Изложба „Ѓуриште 2024" поставена во кривопаланечкиот Центар за култура
- Во изложбениот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка денеска беше отворена изложбата дела од 19-та Меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште 2024".
Крива Паланка, 11 декември 2024 (МИА) - Во изложбениот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка денеска беше отворена изложбата дела од 19-та Меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште 2024".
Колонијата е во организација на Домот на култура „Крсте Мисирков", Свети Николе, а пред кривопаланечката уметничка јавност беше поставена во рамки на проектот за преземање изложби поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.
- На изложбата се претставени дваесет дела работени во акрилна техника, од страна на уметниците - учесници од Црна Гора, Србија, Иран и од нашата држава, од: Куманово, Прилеп и Свети Николе. Стотици уметници од целиот свет во изминатите речиси две децении биле учесници на познатата и реномирана "Ѓуришка ликовна колонија", од кои голем дел и ние сме имале можност да ги прикажеме за публиката во градот, рече Вања Јакимовска од НУ Центар за култура Крива Паланка.
На изложбата присуствуваше и директорот на Домот на култура „Крсте Мисирков", Никола Тренчов, кој заедно со директорот на НУ Центар за култура, Антони Стојановски, ја отворија изложбата. иб/цр
Фото : НУ Центар за култура Крива Паланка