• среда, 25 декември 2024

Изложба „Цртеж – Експериментален цртеж“ во галерија „КО-РА“

Изложба „Цртеж – Експериментален цртеж“ во галерија „КО-РА“
Скопје, 27 мај 2022 (МИА) - Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) под покровителство на Министерството за култура денеска ќе ја отвори изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ - галерија „КО-РА“ во Скопје. Изложбата е традиционална и е дел од годишната програма на ДЛУМ. Како што посочија од ДЛУМ, во повеќето дела претставени на оваа изложба се негува цртежот со едноставните алатки и материјали, јаглен, туш, молив, фломастер, но користени се и алтернативни материјали кои формираат цртеж и излегуваат во просторот на трета димензија, рефлектирајќи цртеж. Во ова издание на програмската изложба ,,Цртеж, Експериментален цртеж” учествуваат 13 уметници - Жаклина Глигориевска кочоска, Марија Светиева, Ангелца Стоиљковиќ, Ацо Таневски, Златко Глигоров, Јасмина Новковска, Перо Кованцалиев, Валентина Илијевска, Стефан Младеновски, Зулејха Зубери Али, Маја Танева, Ненад Тонкин и Слободан Живковски. Наградата за најдобар цртеж оваа година ДЛУМ ја доделува на Жаклина Глигориевска Кочоска за делото со наслов „Inevitable restart“ . Сите љубители на уметноста изложбата ќе може да ја разгледаат до 10 јуни.бт/са/

Остани поврзан