• понеделник, 23 декември 2024

Изложба по повод роденденот на Мајка Тереза во Приштина

Изложба по повод роденденот на Мајка Тереза во Приштина

Приштина, 26 август 2024 (МИА) – Косовските здруженија „Организација албанство“ (“Organizata Shqiptaria”) и „Уметници за уметници“, заедно со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Северна Македонија од Скопје, ја отворија денеска манифестацијата “Денови на Мајка Тереза“, со изложба во центарот на косовската престолнина во чест на роденденот на светицата и добитничка на Нобеловата награда за мир, јави дописникот на МИА од Приштина.

Изложбата е отворена на плоштадот „Мајка Тереза“ во центарот на Приштина, а нејзина цел, според органзиаторите, е „да се потсетиме на неа и на нејзиниот придонес за албанскиот народ“.

Претседателот на организацијата „Уметници за уметници“, Ветон Гусија за медиумите изјави дека албанскиот народ треба да ја следи хуманоста на својата сонародничка, нобеловката Гонџе Бојаџиу и таа хуманост „да ја сподели меѓу себе, со семејството, нацијата и држава“.

Претставникот на здружението „Организација албанство“, Басри Бека изјави дека наследството на значајните личности треба да се зачува за идните генерации, додека дон Луш Ѓерѓи од Католичката бискупија на Косово, рече дека преку придонесот на Мајка Тереза „светот поинаку гледа на албанскиот народ“.

Призренско-приштинската бискупија, во соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците од Скопје, вечерва ќе организира Свечената академија по повод роденденот на света Мајка Тереза, со која свечено ја отвора манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“, која ќе трае до 5 септември, кога се навршуваат 27 години од смртта на светски познатата хуманитарка по потекло од Скопје. иа/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан