• среда, 25 декември 2024

Изложба на мозаици „Жената во парчиња камен“ на Изет Зеќири

Изложба на мозаици „Жената во парчиња камен“ на Изет Зеќири

Тетово, 14 октомври 2022 (МИА) - Во Уметничката галерија Тетово од вечерва отворена е изложбата на мозаици насловена „Жена во парчиња камен“ од авторот проф. д-р Изет Зеќири, актуелен ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје, професор по економски науки и поранешен пратеник.

Ова е негова втора изложба на мозаици, а ја прикажува фигурата на жената како столб на општеството.

-Втората изложба насловена „Жена во парчиња камен“ претставува продолжение на првиот циклус на делата насловени „Мозаик со парчиња живот“ кои претставуваат темелен преглед на традиционалниот рурален живот и неговата еволуција во современиот свет, и сега (во овој циклус ) продолжува со длабоките инспиративни импулси од албанската историја и народна традиција, со фокус на женската фигура претставена преку различни фигури. Историски, жената Албанка била важен фактор на напредок, отпор, брилијантност, но пред сè, нејзината примарна функција била во темелите на градењето здраво општество, посочи во промотивниот говор на отворањето Јелдез Асани, историчар на уметност и професорка на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот во Тетово.

Таа посочи дека согласно содржината на темата што се обработува, професорот Изет Зеќири го избрал токму овој мотив во процесот на обликување на мозаикот со одредени стилски карактеристики за да докаже дека жените се соочиле со тешките предизвици од минатото и го осветлиле патот кон образованието, еманципацијата и напредокот на нашиот народ на овие простори.

-Помалку или повеќе рамните фигури се слики кои паметат и се во функција на настанот што е префигуриран до симболична и традиционална генерализација. Фигурата на жената што ја ниша лулката, ја подготвува храната или ги работи секојдневните ритуали за сопрузите, дава чувство кое се зајакнува со моделирање на исполнети волумени и строги ментални изрази кои говорат за храбра издржливост збогатена со контрастни тонови кои се следат еден со друг. Додека во некои дела со цел да се постигне уметничка конструкција рефлектирана со фигури кои претставуваат асоцијативно-апстрактни чувства, или подобро кажано, декоративна слика на недефинирана позадина со меланхолична и носталгична интерпретација на современата жена, Изет Зеќири ги надминува вообичаените етно-фолклорно третирања, посочи Јелдез Асани.

Изет Зеќири е роден во 1967 година. Се образувал на Економскиот фа­кул­тет на Универзитетот во Приштина. Маги­стри­рал на Економскиот факултет на Уни­вер­зитетот „Св. Ки­рил и Методиј“-Скопје, а док­то­­ри­рал во 2001 година на Уни­врзитетот во Приштина. ас/мд/

Остани поврзан