• вторник, 24 декември 2024

Изложба на Мелихат Тузун од Турција во Галерија „Ко-Ра“

Изложба на Мелихат Тузун од Турција во Галерија „Ко-Ра“

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - Во  Галеријата „Ко-Ра“ вечер ќе биде отворена самостојна изложба на Мелихат Тузун од Турција, насловена „Brocken times“, која е реализирана во рамките на меѓународната соработка и на иницијатива на академик проф д-р Фехим Хусковиќ.

Мелихат Тузун гостува во Скопје во рамките на интернационалната Ликовна колонија на која учествуваат  уметници од повеќе земји. Таа е професорка и декан на Универзитетот „Тракија" во  Турција на Факултетот за убавите уметности од 2018 година. Добитничка е на повеќе награди, меѓу кои и прва награда од областа  на скулптурата.

Член е на повеќе здруженија на уметници во Турција, но и во УНЕСКО Интернационална асоцијација на уметници.  Претседател е на Здружението на графичките уметници од Турција, од 2017 година.

Организаторот наведува дека нејзиниот ликовен опус го карактеризира „интеракција помеѓу човекот и природата, егзистенцијалното  и бесконечното, како  креирање  контрасти помеѓу конкретното и апстрактното“.

Тузун досега има реализирано 15 самостојни изложби, 12 од национален карактер. Учествувала на четири интернационални изложби, како и на интернационални биеналиња, ликовни  работилници и комбинирани мултимедијални изложби.

Нејзините дела се застапени во многу национални и интернационални музеи, како и во јавните установи и колекции на организаторите на настаните. Таа истражува примена во сликарството  и графиката на нетоксични методи во графиката.бт/хс/

Фото: плакат

Остани поврзан