• сабота, 23 ноември 2024

Изложба на ДЛУМ „Мал формат“ 2022

Изложба на ДЛУМ „Мал формат“ 2022
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) – Изложба „Мал формат“ во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), а под покровителство на Министерство за култура, вечер ќе биде отворена во Културно информативниот центар КИЦ - Скопје, салон Империјал 1. На изложбата учествуваат 40 уметници со 55 дела во техниките сликарство, скулптура, графика, цртеж, колаж, објекти, нови медиуми. Изложбата ќе биде отворена до 12 ноември годинава, а вечерва ДЛУМ ќе додели една награда за Мал формат. -Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка, велат од ДЛУМ.вј/са/

Остани поврзан