• сабота, 23 ноември 2024

Изложба на дела од роднокрајни автори во Делчево

Изложба на дела од роднокрајни автори во Делчево

Делчево, 6 септември 2024 (МИА) - Во рамки на одбележувањето на 7 Септември, Ден на ослободувањето на Делчево, денеска во Делчево беше отворена изложбата на дела на роднокрајни автори. Вкупно 31 дело се изложени во фоајето на спомен дом АСНОМ, а од понеделник изложбата ќе биде поставена во читалната на библиотеката „Илинден" која е организатор на изложбата. 

-Сите наши читатели ќе можат да ги разгледаат книгите од повеќе роднокрајни автори меѓу кои се и поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, првиот цивилен министер за одбрана м-р Трајан Гоцевски и многу други како Димитар Узунски, Славчо Десподов, Перса Стојановска, па потоа од помладата генерација Билјана Бачовски, Кети Ангелова и други, истакна директорката на установата Биљана Петровска.  

Претходно во просториите на читалната на библиотеката, со дел од роднокрајните автори се одржа и заедничка кафе средба на која се разговараше за нивното творештво, условите во кои твореле и творат, колку се почитувани македонските автори и кои се идните активности кои во иднина би можеле да се реализираат во соработка со библиотеката.

-На барање на библиотеката, а со согласност на роднокрајните автори се договоривме 2025 година да биде година во знакот на роднокрајните автори. Многу добри и издржани идеи и проекти кој навистина би требало да се реализираат, додаде Петровска.

Роднокрајните автори кои беа присутни на средбата ја поздравија иницијативата и посакаа дел од она што првично е замислено да се реализира во претстојната 2025 година. вс/сст/

 

Фото: МИА
 

Остани поврзан