• петок, 26 јули 2024

Изложба на Бенкси во Виена

Изложба на Бенкси во Виена

Виена, 14 ноември 2022 (МИА) - Повеќе од 150 дела на мистериозниот Бенкси се претставени на изложбата наречена „Мистеријата на Бенкси - генијален ум“ во „Виенер Штандхале“ во Виена, Австрија.

Изложбата дава преглед и увид во целокупното творештво на неименуваниот уметник, кој важи за „една од најголемите мистерии“ на 21 век. Неговите графити веќе со години го привлекуваат вниманието на светската јавност, а деновиве едно негово дело осамна и во Бородјанка, Украина, којашто е разурната од војната. Сепак, според мотото на Бенкси, „Авторските права се за губитници ©TM (Copyright is for losers ©TM)“, ниту оваа изложба не е официјално авторизирана - поради тоа што уметникот настојува да остане анонимен. Графити, фотографии, скулптури, графики и видео-колажи првично пренесени на различни материјали - се репродуцирани и поставени специјално за оваа изложба во 18-те простории на виенскиот музеј. Настанот е надополнет со документарен филм којшто ги прикажува најважните фази од кариерата на Бенкси. Изложбата останува отворена до 5 февруари 2023 година.  си/паг/

Остани поврзан