Изложба „Коцките на мозаикот“ на Здружението за поддршка на лицата со Даунов синдром
- Здружението за поддршка на лицата со Даунов синдром „Трисомија 21" ја организираше втората изложба на мозаици „Коцките на мозаикот“.
Скопје, 24 ноември 2023 (МИА) - Здружението за поддршка на лицата со Даунов синдром „Трисомија 21" ја организираше втората изложба на мозаици „Коцките на мозаикот“.
Мозаиците, како што информира здружението, беа изработени со многу емоции и креативност од страна на членовите, а изложбата беше отворена вчера во МладиХаб.
-Беа изложени повеќе изработки со коцки од керамика, комбинации со школки како и прекрасни изработки од зрнест зеленчук. Преку изработките се експериментираше многу, но сите содржеа љубов и труд, велат од „Трисомија 21". мч/са/
Фото: „Трисомија 21"