• сабота, 23 ноември 2024

Изложба и промоција на книга по повод Денот на албанската азбука

Изложба и промоција на книга по повод Денот на албанската азбука
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Во пресрет на одбележувањето на Денот на албанската азбука - 22 Ноември, вечер од 19 часот во Музејот на албанската азбука во Битола ќе биде отворена изложбата „Албанскиот јазик - од азбука до правопис“. Во рамки на манифестацијата „Денови на азбуката“, Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Скопје денеска ќе ја промовира книгата „Сагата на албанските букви“ од проф. д-р Агим Винца. На Денот на албанската азбука се одбележува историски настан - одржувањето на Битолскиот конгрес во 1908 година, на кој била создадена албанската стандардизирана азбука. Конгресот се одржувал од 14 до 22 ноември 1908 година и учествувале 32 делегати со право на глас, претставници од 26 градови и различни друштва на Албанците. Денот на албанската азбука - 22 Ноември е неработен за албанската етничка заедница во државава. хс/вг/

Остани поврзан